The personal experience of a Couple from North Macedonia
Одлуката да ја изберам оваа клиника за ИВФ третман беше вистинска. По едно претходно неуспешно ИВФ искуство, дојдов со многу надеж, но и со стравови. Уште од првиот ден бев пречекана со професионалност, грижа и искрена човечност, што ми даде чувство на доверба и сигурност.
Доктор Довас е исклучителен професионалец, врвен доктор и пред сè голем човек. Неговиот смирен пристап, посветеност и јасна комуникација ми дадоа мир и сигурност во целиот процес. Елена, координаторката, беше секогаш достапна, љубезна и трпелива, и благодарение на неа целиот процес беше одлично организиран и многу полесен за поминување.
Со поддршката на овој стручен и посветен тим, ИВФ процесот беше успешен и денес сум бремена. Со цело срце ја препорачувам оваа клиника на сите што се на патот кон своето најголемо чудо. ❤️